Home » Авторски страници, българи зад граница, политика

Българският културен клуб в Скопие призовава за граждански протест

2015.05.15 Няма коментари

Българският културен клуб – Скопие излезе с призив до своите членове, симпатизанти и всички граждани на Р. Македония във връзка с актуалната политическа ситуация в страната. В призива се съдържа и обръщение към правителството на Р. България и към цялото българска общество да подкрепи желанието на македонските граждани да имат достоен живот и право на скорошна европейска интеграция.

БККС призовава македонските граждани тази неделя, 17 май, да излязат на протест за свобода, демокрация и правова държава, против диктатурата и нетолерантността.

Следва целият текст на призива на БККС, който е публикуван днес на сайта на организацията на официалния език на страната.

dc3ad5db762c237eb6163fe9ae707f0e_L

Повик на Бугарскиот културен клуб – Скопjе до своите членови, симпатизери и сите граѓани на Република Македонијa во врска со актуелната политичка ситуација:

Бугарскиот културен клуб – Скопје (БККС) со голема загриженост го следи развитието на политичката криза во нашата татковина, која што од ден на ден се повеќе се задлабочува, а за коjа одговорност и вина носи единствено Никола Груевски и неговиот клан, кои се самонарекуваат влада на Р. Македонија.

Со својот игнорантски и неодговорен однос, кој продолжува скоро цела деценија, владата на Р. Македонија, доведе до ситуација на крајна поделеност во македонското општество и масовни протести на граѓаните на Р. Македонија.

БККС многукратно алармираше за тоталитарните практики на режимот на Груевски, кои потсетуваат на методите на Милошевиќ, како на пример: затворање на медиуми, заплашување на граѓански активисти, монтирање на судски процеси против неистомисленици, дискриминирање на етничка основа, тотално партизирање и узурпирање на судството, провоцирање на недобрососедски односи преку безумната антиквизација и само симулирање на некакви реформи.

Треба еднаш за секогаш да стане јасно дека Груевски воопшто нема интерес македонските граѓани да се интегрираат во Европската унија. Груевски само се интересира од тоа граѓаните да бидат брутално газени и смачкани, да се заплашуваат, да останат невработени на работ на егзистенцијата, за да може тој да продолжи да ја обезбедува финансовата благосостојба на неговиот клан преку сомнителни бизниси на грбот на сите нас.

Во услови кога не се преземаат никакви мерки, ниту лична одговорност, по објавувањето на аудио материјалите од скандалозните разговори на основните учесници во режимот на Груевски, повеќе од оправдан е револтот и незадоволството на граѓаните на Р. Македонија, кои масовно и целосно ја губат довербата во институциите бидејќи на сите им станаа јасни диктаторските методи со кои управува владата.

Дали Никола Груевски сака да остане на власт по секоја цена, жртвувајќи го етничкиот мир, стабилността на нашата татковина и жртвувајќи невини човечки животи? Скорешните ужасни настани во Куманово наведуваат на такво сомневање.

Во интерес на запазувањето на мирот, политичката стабилност и државноста во Р. Македонија,БККС го повикува Груевски и целата влада на Р. Македонија да си поднесат итна неотповиклива оставка. Исто така, БККС се обраќа кон владата на Р. Бугарија и целото бугарско општество максимално да ја поддржи желбата на македонските граѓани да имаат достоен живот и право на скорешна евроатлантска интеграција.

Поради таа причина, БККС ги повикува своите членови и симпатизери, како и сите граѓани на Р. Македонија, независно од нивната политичка ориентација, етничко и религиозно потекло, сите оние на кои им е бесценет мирот, независноста и територијалната целост на Р. Македонија, гордо да го дигнат својот глас и смело да се исправат во заштита на нашата татковина.

На 17-ти мај сите заедно, мирно и достоинствено да кажеме:

ДА – за слободата, демократијата и правната држава!
НЕ – за диктатурата, нетолерантноста и непотизмот!

.

Leave your response! Вашето мнение е важно, напишете го!

Add your comment below, or trackback from your own site. You can also subscribe to these comments via RSS.

Моля не ползвайте нецензурни изрази! Всеки коментар, в който има линк, ще изчака редактор да го провери за спам - забавя публикуването.

You can use these tags:
<a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

This is a Gravatar-enabled weblog. To get your own globally-recognized-avatar, please register at Gravatar.